Luki 1.5 до колку степени го грее маслото на автопат си мерел?
Не сум мерел таква работа, ама и во најголеми жештини редовно си го возам динамично* на автопат без многу многу да му ја мислам. Едино на угорници не му натепувам дополнително гас туку обично одржувам брзина/намалувам минимално/постепено.
Малку потешко дека со 3200 рпм ќе круза на 160, колку-што се сеќавам на тие обртаи е околу 130-140..за 160 ќе од на 4000. Мојата не е економична, на Осмица ќе видиме
Ама не се жалам, барем има снага, па нека си троши.
Мојот турбо бензинец на 3000 вртежи е на 140-145. На 3200-3300 веќе оди 160-170. Никогаш не сум осетил недостаток на моќ. Ако нејќе во шеста, во петта има да сака...
@Deni Турбо бензин многу побро прима од турбо дизел. Ако го натепаш додоле наеднаш како дизел најчесто врти гуми, уклучува систем за стабилност и ти ја одзема гаста (во прва/втора/трета). Си треба со усул таа работа.