Момци здраво, прилично нов сум на форумов, ама ако има некој време и желба нека ми одговори на прашањево. Имам Алфа Ромео Мито 1.6JTDM 120HP, потрошувачка во просек ми е околу 10-11 литри што е многу необично за оваа кола, дпф ми е океј, егр ок, дизни добри, ми рекоа за маф сензорот(на дијагностика), го извадив го исчистив ама некако не гледам некоја разлика, некој ваш предлог што би можело да е причина или ако некој на форумов го вози истиот мотор да сподели искуство, ви благодарам.