Помала нагазна површина треба да резултира со незначително намалена потрошувачка, но како што рече Falanga, зима е така да тешко да се намали.
Башка зимската гума е помека, трпи поголеми деформации а со тоа пружа и поголем отпор. Понатаму самата зимска шара прави поголем отпор, произведува повеќе звук, вибрации со што плус се намалува ефикасноста, односно загубата на кинетичка енергија.
Зимскиот воздух е повлажен и многу полесно кондензира, вклучувајќи и внатре во клиповите. А пошто водата не гори тогаш и согорувањето е различно. Кога ќе собереше колку фактори има, се објаснува зошто се зголемува потрошувачката зимно време па и до 3 литри кај некои коли.
На пример кај мене на спаркот, градска вожња летно време ми троши 6,6 и ни грам над тоа (450км со 30л). Зимно време со истото гориво поминувам 370км со истото гориво од 30л па дури и 350км по некогаш што се качува и до 8,5л. Штом дојде пролет, веднаш се осеќа како поминувам повеќе километри со истото полнење на резерварот. Ова истото ми се случуваше и со Кадетот и со двете Пежоа што бе амои, па и со сите останати коли. На пример, Полото 1,2 зимно време троши 11 во град а 8 летно време.