Не се сомневам дека воазчкиот стил на некои луѓе им овозможува полежерно возење, со цел да се преместат од точка А до точка Б.
Мене ми е битно како ќе го поминам патот, колку ќе би биде тоа задоволство кое ќе ја вклучи и колата и конфигурацијата на патот и како тоа ќе го поминам. Како видео игрица, а не како патеписна репортажа. Веројатно тука настанува разликата во потрошувачките. Јас верувам дека повеќето тука изразиле точни вредности за потрошувачката, освен кога се сакало да се изманипулира со истата. Разликата е што ти праи ќејф, и тоа ќе се одрази на потрошњата. Некои сакаат да го гледаат секој цвет и крошна по патот, јас (и некои други веројатно) сакам да ја видам и „нападнам“ секоја наредна кривина од патот.
И едните и другите уживаат во патувањето, само на различен начин, едните може да се пофалат со мала потрошувачка, другите „расипници“, колите им трошат премногу