Кола, Fiat Stilo 1.9 JTD, 116ks, од 2003 година. Со 5 врати. Гуми 195/65/15.
Тежина на патници и товар во возилото околу 230кг.
Клима вклучена цело време (возено околу 12-13h во различни денови)
Релација: Скопје - Берово и назад (Скопје бензинска Окта на бул. Србија, Аеродром, Берово, до Аурора). Рута преку Штип, Кочани, Виница....
Според борд компјутер на колата:
Километража: 319.4km
Просечна брзина 66km/h.
Просечна потрошувачка: 5.4 l/100
Времетраење: 4:50 h
Возено околу 5-10 над дозволеното според сообракајни знаци (со исклучок некој 20км на автопатот кога возев околу 210. Едноставно морав да поминам еден млад некултурен дечко во голф со црвено DI (штипски регистерски таблички) кој многу ме изнервира со понашање и покажување гестикулации кон една фамилија со мали деца бидејки им требаше повеке време за забрзаат и преминат автобус на патот).
На поагање наполнет резервоар во врв. На вракање пак наполнив до врв (иста пумпа иста бензинска) и наточено вкупно 19.68 литри.
Исклучоци, некој 15-20 мин работење во место и ладенје на колата.