Искрено осеќам потреба од поголемо возило, разликата во возење на долги релации е голема, конкретно подобро држење на пат и поголема комоција. Изминативе 3 месеци постојано возам подолги релации и така и ќе биде во блиска иднина. Со оглед на тоа што сум навикнат да се возам ефтино, а сакам и поголема кола, во предвид влегуваат возила како Honda Accord, Mazda 6, Lancer и слични со атмосферски мотор на бензин поради скапите и комплицирани плински уреди за турбо бензинци.