Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2215092 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12840 на: 20 Август 2018, 11:36:14 am »
Еве јас да се уклучам во муабетот. Рига-Скопје ме фати нешто преку 2350км просечна потрошувачка излезе 5.6 ама на автопат Чешка, Словачка и Унгарија не спуштив испод 140 на моменти и 205 успеав да кренам. Во Србија малце посмирено ради џандари околу 120-140.

Охрид-Скопје преку Битола ме фати исто така 5.6 и со повремени испади на автопат и минимум 130 на отворено.

Разлика во квалитет на гориво искрено немам забалежано, можеби не ни обрнувам толку внимание. Некни од Драчево на гости накај Скопје во 9 вечерта ме фати точно 4.8 литри просек ама све на зелено семафорите ги фатив. Реално во Скопје на вруќиниве со пуштена клима цело време испод 8 не сум.

1.4 тси :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12841 на: 20 Август 2018, 12:24:29 pm »

Па дојден е екобустот и вози низ Скопје веќе неколку години.

Со наши горива и на наши улици.

Повози, спореди па напиши искуство на форум.

Вака можеме да дискутираме пред Стокомак со Горско пиво и салама исецкана на хартија и вегета.

И патлиџанка исечена на четири.

Нема во Стокомак Пиво и зеленчук :(

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12842 на: 20 Август 2018, 15:21:52 pm »
BMW 118d, изминати 1440Км со 72Л дизел, просечно 5Л/100km. Од тие Км скоро 1000 се отворен пат(магистрала и автопат), другите се меѓуградска и градска.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12843 на: 20 Август 2018, 15:24:57 pm »
Кој мотор?

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12844 на: 20 Август 2018, 15:29:10 pm »
m47tu2d20, со 122кс.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12845 на: 20 Август 2018, 16:13:23 pm »

Па дојден е екобустот и вози низ Скопје веќе неколку години.

Со наши горива и на наши улици.

Повози, спореди па напиши искуство на форум.

Вака можеме да дискутираме пред Стокомак со Горско пиво и салама исецкана на хартија и вегета.

И патлиџанка исечена на четири.

Нема во Стокомак Пиво и зеленчук :(

Ти си расипувач на забави :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12846 на: 20 Август 2018, 16:16:13 pm »
Сите битолчани се исти. :P

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12847 на: 20 Август 2018, 18:07:20 pm »
Најубавиот голф на Додо да не го мешате во вакви муабети. Он може да учествува во трки на угорница, каде се очекуваат брзини од 240-260 км/ч, а не во овакви геј ивенти од типот кој ке успее да вози поспоро во повисок степен на пренос и да потроши помалку. Ја мислев дека вие бензинците возите со мерак и да уживате а не да штедите гориво, само бензинци постираат у темава колку малку трошат. Опуштете се, олабавете се, стиснете педалата (колку што е законски пропишано!), доста веќе си го браните својот избор, како што сам се посочи @zlatkoa :D

P.S. @Luki Junior, Марјан е фамилијарен човек, очекувано е да вози смирено и да не лудува, затоа и има ниска потрошувачка, незнам од каде прашањето и нејаснотијата колку тропи во споредба со нов пасат и голф.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12848 на: 21 Август 2018, 09:34:42 am »
Како ги вадите овие 5л на 100 со дизеливе не знам - дали не ги возите над 1200 обртаи еве не знам.

Со години мојот дизел не паднал под 7 а мењам строго над 2,200 обртаи, некад и на 3 ако сум нервозен.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12849 на: 21 Август 2018, 09:53:23 am »
Не ти е у ред нешто 😃
Јас менувам на 2500 обратаи освен од 4 у 5 на 3000 ,возам секогаш над 2000 обратаи и баш вчера по борд гледам 5.3л,во реалност ке биде 5.5л пошо 200 грама ми краде 😂
1.9 Мултиџед 120 кс рулз 😂
Иначе шо трактор возеш?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12850 на: 21 Август 2018, 10:08:22 am »
Како ги вадите овие 5л на 100 со дизеливе не знам - дали не ги возите над 1200 обртаи еве не знам.

Со години мојот дизел не паднал под 7 а мењам строго над 2,200 обртаи, некад и на 3 ако сум нервозен.

Не ти чини колата или пак ти не знаеш да го возиш. Трета опција е дека толку му е декларирана потрошња
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12851 на: 21 Август 2018, 10:44:33 am »
Најубавиот голф на Додо да не го мешате во вакви муабети. Он може да учествува во трки на угорница, каде се очекуваат брзини од 240-260 км/ч, а не во овакви геј ивенти од типот кој ке успее да вози поспоро во повисок степен на пренос и да потроши помалку. Ја мислев дека вие бензинците возите со мерак и да уживате а не да штедите гориво, само бензинци постираат у темава колку малку трошат. Опуштете се, олабавете се, стиснете педалата (колку што е законски пропишано!), доста веќе си го браните својот избор, како што сам се посочи @zlatkoa :D

P.S. @Luki Junior, Марјан е фамилијарен човек, очекувано е да вози смирено и да не лудува, затоа и има ниска потрошувачка, незнам од каде прашањето и нејаснотијата колку тропи во споредба со нов пасат и голф.

Новите итерации (верзии) на ТДИ кои што треба да задоволат еуро норми за екологија трошат многу повеќе отколку што троши твојот 2.0 ТДИ кој што е штедлив за сметка на здравјето на сите кои што дишат кислород. Плус се софтверски затупени затоа што мора да имаат погодна смеса за согорување за да може низ ауспух да искача смеса што задоволува Еуро 6.

Така на пример 1.5 ТСИ кој што веќе го има кај нас во Голф, Октавија и слични, има дури и пониски бројки со соодветниот ТДИ мотор.

Оттука е сосема несоодветно да споредуваме 2.0ТДИ од 2012 со 2.0ТДИ од 2018. Едниот едвај исполува Еуро 4 другиот исполнува Еуро 6.

Изборот дизел/бензин секој си го прави за себе. Јас возам 80% низ Скопје по метежот и СЕКОГАШ ќе одберам малолитражен бензинец атмо во мало возило пред било каков дизел. Според моите гледишта и пресметки, на долг период тоа е поислатливо и за одржување и за експлоатација.

А во останатите 20% од времето кога возам на Автопат, би одбрал возило со Турбо натполнење. Јас би одбрал бензин затоа што животот е краток да го потрошам на возење дизел.

Моментално возам комбенце со 1.6 турбо бензин, ама во план ми е во иднина да збрчам некој  >2.0 турбо бензинец со над 200кс. Со РС, ГТИ или слична лепенка позади.

Некој вози кола за да штеди, некој вози кола затоа што му е ќеиф.

Затоа има 1.0 ТСИ во голф и 2.0 ТСИ во голф.



Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12852 на: 21 Август 2018, 11:14:04 am »
@riki_staff @Skywalker

Возам последен дизел во животот кој ќе го продавам наскоро, 1,9 cdti со 150 коња, одржуван до степен на опсесија и никогаш не паднал под 7л на 100км  освен кога сум возел на отворено  600, 700, 800 километри во еден здив.

И го возам агресивно, не го штедам.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12853 на: 21 Август 2018, 11:24:34 am »
Eте сам си одговоре. Го возиш агресивно и пак имаш разумни 7л на 100км.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #12854 на: 21 Август 2018, 12:23:04 pm »
Абе како ја свртевте водата демек само за штедење се вози дизел.

Еве јас за мене ќе си кажам, за низ град секогаш бирам атмо бензин, а за отворено секогаш турбо дизел, не поради потрошњата туку поради филингот.
Многу многу подобар филинг имам кога возам дизел на автопат, а на отворено дали дизел дали бенизн мала е разликата во потрошувачка ама дизелот ми е померачки и поубаво ми вози.

Или како што имаше пишано некој погоре.

Некој вози кола за да штеди па вози на плин, некој вози кола затоа што му е ќеиф.
Затоа за кеиф постојат 1,6 ТДИ и 2,0 ТДИ.

Инаку јас и после година и два месеци незнам колку ми троши колата со ТДИ мотор низ град, ама затоа знам дека бензинците 1,4 и 1,6 аутоматик трошат од 10 до 12 литра, и без разлика на високата потрошња стварно не гледам никаков кеиф дека се бензин.