Најубавиот голф на Додо да не го мешате во вакви муабети. Он може да учествува во трки на угорница, каде се очекуваат брзини од 240-260 км/ч, а не во овакви геј ивенти од типот кој ке успее да вози поспоро во повисок степен на пренос и да потроши помалку. Ја мислев дека вие бензинците возите со мерак и да уживате а не да штедите гориво, само бензинци постираат у темава колку малку трошат. Опуштете се, олабавете се, стиснете педалата (колку што е законски пропишано!), доста веќе си го браните својот избор, како што сам се посочи @zlatkoa 
P.S. @Luki Junior, Марјан е фамилијарен човек, очекувано е да вози смирено и да не лудува, затоа и има ниска потрошувачка, незнам од каде прашањето и нејаснотијата колку тропи во споредба со нов пасат и голф.
Новите итерации (верзии) на ТДИ кои што треба да задоволат еуро норми за екологија трошат многу повеќе отколку што троши твојот 2.0 ТДИ кој што е штедлив за сметка на здравјето на сите кои што дишат кислород. Плус се софтверски затупени затоа што мора да имаат погодна смеса за согорување за да може низ ауспух да искача смеса што задоволува Еуро 6.
Така на пример 1.5 ТСИ кој што веќе го има кај нас во Голф, Октавија и слични, има дури и пониски бројки со соодветниот ТДИ мотор.
Оттука е сосема несоодветно да споредуваме 2.0ТДИ од 2012 со 2.0ТДИ од 2018. Едниот едвај исполува Еуро 4 другиот исполнува Еуро 6.
Изборот дизел/бензин секој си го прави за себе. Јас возам 80% низ Скопје по метежот и СЕКОГАШ ќе одберам малолитражен бензинец атмо во мало возило пред било каков дизел. Според моите гледишта и пресметки, на долг период тоа е поислатливо и за одржување и за експлоатација.
А во останатите 20% од времето кога возам на Автопат, би одбрал возило со Турбо натполнење. Јас би одбрал бензин затоа што животот е краток да го потрошам на возење дизел.
Моментално возам комбенце со 1.6 турбо бензин, ама во план ми е во иднина да збрчам некој >2.0 турбо бензинец со над 200кс. Со РС, ГТИ или слична лепенка позади.
Некој вози кола за да штеди, некој вози кола затоа што му е ќеиф.
Затоа има 1.0 ТСИ во голф и 2.0 ТСИ во голф.