Колку лапа бмв-то на ладново? 11/12?
е90 335d 2007
6.8л. просек Скопје - Прилеп - Скопје (со 10км тргни застани во Прилеп дур се снајдам да искочам), просечна брзина: 82km/h
Јас возев до Прилеп и покажа 6.6л. На враќање лепша половина возеше до патарина Петровец и падна на 6.3, таму седнав јас до Скопје и рипна на 6.8. 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Многу зависи како ја возиш очигледно... @Tesla пошто на групниот тест ни беа слични потрошњите со на Lord-от: мојата градска знае да биде 9 ама знае и 13 најмногу зависи како ја возиш, клима приметив дека не мења многу/ич.
BMW-то мене градска на ладново околу 11.5-12 на борд. Со загревање во место и слично. Без штедење реално, онака ако ми треба ја стискам.
Ако ја штедам ептен 9.6 најмногу што ја имам спуштено, реално 10.5 е онака штедливо возење (да не ја кренеш над 2000 обртаи).
На борд имам забележано дека постојано кажува повеќе од реално. Не некоја голема разлика ама тие „отчукувања на бордот“ во место дур работи не се баш најреални и тоа го крева просекот поприлично.
Ама тука е некаде 11.5 give or take 0.5
Отворено најниска потрошња што сум забележал е кога се враќав од Охрид. Ми покажа 6.4 литри, со се чекање на семафор на Маврово и нормално гужвата пред Гостивар.
Скопје-Битола-Скопје просек вади 6.8.
Скопје - Битола = 7.2
Битола - Скопје = 6.5
Тука потрошувачката е реална (борд и сказалката, нема работа во место).
Четврток одам Солун, ќе видиме како ќе се покаже натака.
Клима кај мене не менува ИЧ! Ама ич! Летоска ништо не смена на потрошња.