Па една проста математика. Да земеме како предвид дека би ти трошело 12 литри бензин на 100 км градско возење. Тоа значи дека за 10 изминати километри би потрошило 1.2 литри бензин, односно за 1 изминат километар 120 мл бензин.
30 дена во месецот, 30 ладни стартови помножено по 120 мл бензин се 3600 мл, односно 3.6 литри бензин. Ама пошто тие 500-1000 метри ги возиш на ладен мотор под саух, можеби и да е и нешто повисоко, односно да биде и накај 150 мл бензин, па да излезе 4.5 литри за цел месец.
Ова под претпоставка дека само еднаш во денот имаш ладен старт на бензин.
Ако отстои 3-4 часа, пали на плин или повторно на бензин ? Зашто во таков случај веќе би имал 2 стартувања на бензин.
Плус и кажи по колку километри возиш цел месец и колку пати на ден имаш ладни стартови па ќе видиме колку бензин трошиш просечно на 100 км.
Еве на пример ако овие 388 км ти се 1 месец возени, 30 ладни стартови да ги земеме во предвид (ако е 120 мл ондак 3.6, ако е 150 мл ондак 4.5, ајде на 4 литри просек ќе ставам дека имаш потрошено бензин), излегува 1,03 литри бензин на 100 км.