Поминати 352 км строго низ град (не испразнета боца, ама ново полнење), надополнети 29,91 литри плин на Лукоил. Математиката вели: 8,5 л/100 км плин во градски услови. На бензин не е возено, освен при палење на мотор, до автоматско пребацување на плин (ако не се лажам, кај мене е турено на 30 степени да пребацува).
Возено е како што се вози во градски услови, не во 3 саат по полноќ, без премногу пазење. Она што го имам сменето е начинот на тргање, односно гледам да стигнам најбрзо до 60 и да убацам во највисок степен, па да одржувам брзина, доколку условите го дозволуваат тоа. Не е штедено на греење, за да „ушпарам“ некој милилитар плин.
Јас сум поприлично задоволен!