780КМ на одмор, потрошени околу 82-83 литри плин. Цело време со клима. Околу 10.6л/100км (есапам 83л плин). Јас задоволен. Вкупно 3700денари потрошени за гориво. (50л на лукоил во Македонија, по 36,5 денари и 30 евра на Шел во Грција (околу 33л плин).
Можев да поминам и поевтино, ако пред излез од МК надополнев, ќе поминев со 40-тина евра потрошени за гориво, ама имав желба да го пробам „чудесниот“ грчки плин. Грчкиот плин, освен што е поскап, не направи никаква разлика во потрошувачка, ниту па во динамиката на возилото.