Знам дека може плин, ама бидејќи сега за сега другите коли во поширока фамилија се или на плин или дизел, никој не го есапи Меганов. А можда ќе му се стави плин во иднина не викам не.
Колку ти троши Аурисот возен во истите услови како Меганов? Односно во 07:30 натро, и после во 16:30 преку ден.
Ме чуди што имаме скоро слична потрошувачка со ЦР-В то, односн просек имам 10.5.
Градска мене ми троши околу 12-12.5 л/100 зимно време за кратки релации, а сега ми троши 11-11.5 л/100.
Отворено ми троши на пример Охрид-Скопје 7.7 л/100, автопат 130-140 , 9-9.5 л/100.
14 ми трошело само кога во Србија ставив чкарт гориво (претходниот резеорвар 9.5 л/100, чкартот 14 л/100, па наредниот резеорвар пак 9.5л/100), и никогаш друг пат.
Аурисот на истите релации возен строго во шпицот троши 10 - 10,5, инаку мерено на цел резервар строго низ град потрошувачката е 9,2 - 9,5 по борд.
Веројатно кратки релации од по 2-3 км, со доста гужви се во прашање, друго објаснување - нема. Полесно со гаста и мењај на 2.500 вртежи
Симо така ќе се прекинам во најубавото бе
тогаш почнува да лепи.
Вината можеби малку е и до мене, и можда би можело да се симне литар до литар ипол, ама пак ќе бидат 12 литра. Кога ќе споредам дека луѓето со ТСИ кажуваат смешни бројки од 6-7 литра низ град.
10,7 за условите во кој е возено и не е така висока потрошња...
Тоа не е само градска, туку комбинирана потрошувачка, за 1,4 и тоа како е многу, со 1,8 вадев пониска потрошња.
Истиот мотор и модел кај комшијата на отворено до Белград и назад со средно брза вожња (140-150) околу 10 извади потрошувачка. градска околу 12 му јаде.
Со многу луѓе што сум зборел е истиот муабет, на сите им трошат по толку, градска се околу 12, и на сервис тоа ми го кажаа.
Отворено оваа е околу 8 со културно возење
Еве слика од денес после извозени 30-тина километри, значи недела празни булевари, добар дел од километрите е крузано во 5 или 6 со 60-80 км/ч.
Инаку беше 11 литри ама се качував по некој сокачиња во Припор, па таму качи на 11,4.
Да не го тупам многу, после две недели пак ќе ставам слика од потрошувачката.
Наравоучение, ако сакате да купите Меган, купете си ДЦИ.