Онак, па дали ти го читаш тоа што ти го пишуваш?
А, ако случајно би го прочитал, дали би го разбрал?
Зашто она што јас го пишувам, очигледно не го разбираш.
Друже форумски:
1. Никој не бара да ми веруваш.
2. Мене ич не ми е гајле дали ми веруваш.
3. На сите твои потпрашања ти одговорив, а ти нa крај ми го „измери паметот“ и ме поштеди од одговор на единственото мое прашање. Со оглед на тоа што изнапиша на тоа што НЕ те прашав, ти благодарам што „ме поштеди“.
Инаку одговорот ти го даде неколку пати досега - последниот, еве цитиран во постот горе од Ракунче.
4. На ваков пост за измерена потрошувачка http://forum.carclub.mk/index.php/topic,472.msg525109.html#msg525109 ти бараш да ја поткрепам информацијата. Што сакаш, фискални сметки, слипови од ПОС терминал, извештај од тековна, фотографија од пумпашот со мене и дисплејот на пумпата во позадина, изјава од двајца сведоци заверена на нотар?
Знам, знам, малку е, ама во Македонија нема сертифицирана лабараторија кое издава уверенија за измерена просечна потрошувачка.
Освен ако мислиш аргументирано како ти за твојата потрошувачка:
... овие машини на отворена вожња трошат скоро упола помалце одошто во градска средина...
ај сега дизел љубителиве нека го објаснат тој момент со торкови, максимални и/или реални снаги, како и моментални сили... нека употребат графикони, слики и текстови од википедија, линкови од институции, за да ме убедат дека грешам... ај првото возило, грешев, можда нешто било штелнато ово оно... еве го брат близнакот на второто возило.. и пак ли иста прикаска?
Прикаски колку сакаш, а кога ќе дојде за факти - дискусијата е завршена.
5. Се фати за BMW дизел и во тотална контрадикција со претходниов цитат, пак по навика, без аргументи си трескаш бројки за потрошувачка. За да имаш осет кога дискутираш прво седни и вози некое BMW (по можност од овој век), па потоа шири твои субјективни заклучоци. За пак да не ми го „мериш паметот“, те предупредувам, сум возел 320d E90 177 KS, 330 Ci E46 231 KS, 520i Е39 170 KS - сите од овој век и уште неколку од минатиот. И да, не на крукче околу зграда, туку и на дестинации преку 3000км. Моите искуства не се совпаѓаат со твоите шпекулации.
6. За твојата збирка на мои постови за потрошувачка еве уште еден линк (од оваа тема на форумов) - не е и нема да биде едитиран, ама имај го за секој случај http://forum.carclub.mk/index.php/topic,472.msg481750.html#msg481750
Напомена: И за овој пост важат истите ставови од точките 1 и 2.
Седмо и последно. Следниот пат не почнувај дискусија ако на крајот пак не „поштедуваш од одговор“, за да не изгледаш како турска серија која се прекинува во најинтересното, а нас гладните за сапуница гледачи не оставаш на цедило и во тешка неизвесност до следната епизода - во која пак ништо нема да се случи.
Онак, форум е ова, комплекси се лечат на друга (веб) адреса.
ај ке почнам од последното...
точно, форум е и секој може да пише нешто како сака и колку сака. доколку некој прекршува правило некое ке биде соодветно санкциониран од администрацијата. следствено на тоа никој на никого не е должен да му каже или пише нешто било што. турските серии и сапуњерии.. очигледно си упатен како иде со нив... јас појма немам
што се однесува на линкот од твојата 6-та точка не докажува ништо, и понатака тврдам дека е сплет од коинциденции и секако твое лично уверување дека е толку потрошњата... секако, моето лично уверување е дека не е така...
5. браво. аплауз за тебе... си извозел бајаги бмв-ци.. очигледен фан си на таа марка т.е. бренд на возило... и јас сум. само бмв поинаку го гледам а не како семејно возило, но пак е тука во прашање моето лично убедување и секако твоето лично убедување. секако како додаток на сето тоа е и твоите (или моите) кејфови, желби и чуства кон возилото. што се однесува до тоа дека прејдов на дизел, само како компарација го дадов дека верувам или не верувам во потрошувачката...
а секако успешно го заобиколи моментот кај што напишав дека во последно време немам никакви тврдокорни ставови околу потрошувачката бидејки се случуваат чуда на техниката, технологијата иде понапред секој ден... и стојам зад тоа... јас цело време ти велам дека не верувам. во ниеден момент не реков дека лажеш. втор момент што го додавам во целава прикаска е дека спомнуваш возење низ грција а за таму сум релативно уверен дека и во нај шугавата бензинска станица имаат по квалитетно гориво од нас на нај брендираните и успешни бензински, кое ако се прифати како реална информација или факт, ги менува работите бидејки тоа знае да допринесе и до 15-20% поразлична потрошувачка.
за точките 4,3,2,1 мислам дека е сувишно да диксутирам, бидејки ионака отидовме премногу оффтопик со “нашата“ диксусија околу едно бмв кое е твое љубимец... мислам дека муабетов понатака треба да го завршиме јас и ти заедно, без инволвирање на останатите членови, секако седнати негде уз пиво и фина атмосвера... на крајот, ни јас не добивам ништо а ни ти не добиваш ништо ако било кој од нас докаже нешто, а нај малку имам намера да се докажувам со било кого за било што... тука сум да се релаксирам и дружам, а не да се карам а уште помалку да лечам фрустрации... едина фрустрација ми е што ова неможев да го пишам пред 2 дена бидејки немам нерви толку да изнапишам кликајки на тач од мобилен телефон

ај живели...
п.с. заборавив да ти честитам на личниот избор, дека свекица под хауба е подобар момент од греач под хауба
