Значи енерџито цвилеа на Астрата ко` таксиста у кривина коа влегуе, а а дешаванката му се има десено на морко на кривиот мост кај железничка. заврши у спротивна лента со заден дел у ивичњак со искршен бандаш и со изместен трап и со отворен сајдбег. Гумите со нецели 6-7.000 км, му ги поклони на вулканизерот 
Зависи какво мокро и каков асфалт. Еве на пример вчера кој возел од Аеродром према влада преку раскрсницата кај судска околу 22:15 сигурно приметил дека цистерни прскале со вода од судска па се до соборна. Јас бев расположен за стискање па кај раскрсницата кај судска и карши т-хоум па десно према соборна на кривините Спаркот шлајфуваше во втора.
Е сега замисли Спарк со 67нм вртежен момент и Енерџи сејвери на мокро да шлајфува и тоа со втора при 3500-5500 вртежи. А замисли на суво па да не може да проклиза и да ја натера шасијата да се преврти која разлика е. Во дополнувањеи моите мишелинки цвилат, Конти еко контакт 3 на Полото цвилат, Пирели на другото Поло цвилат и БФгурчич на Фелицијата цвилат, Кумхото (старите од спаркот) на Кадетот цвилат на различни асфалти...
Сакам да кажам има многу различни асфалти тука кај нас и во различни состојби па би рекол дека кај некои асфалти многу поважна улога има самиот асфалт отколку гумата. Се е тоа релативна работа и не треба да се фаќаме за заклучоци ко слепи за стапови
Ги знам будалаштините на градскиве власти што трошат вода за пиење како би ни` го продолжиле патот на кочење и ризикот од учукуење во вечерните часови многу добро

Има гуми кои цвилат и не цвилат. некои повеќе некои помалце. не го зимам тоа како факт дека не држат кривини или сл. да не се разбереме погрешно. Тоа е само факт кој нервира. Јас имав еден момент на разочарување кога од Спортмакскс(Maxx) преминав на СпортКонтакт2, Континенталов покажаа дека знаат да зацвилат у лимит за раллика од ултра тивките спортмакс. После 500км се симна заштитниот слој, се залепија ко` мрсул за асфалт, веќе не ни цвилат, освен кога ке го поминеш лимитот на грипот (што е екстремно тешко) и искрено, мислам дека се за нијанса подобри ол араунд од Данлопот. Данлопот е лудачки добар на суво, ама на влажно знаеше да ме изненади со аквапланунг. Тоа е на Стилото. Приметив и (најверојатно субјективна, или нова гума си е нова гума) намалена потрошувачка.
Друга работа исто така, не работи секоја гума исто на сите коли

Поентата со Астрата ми беше, ЕкоШит гумите, се неспоредливи со спотски премиум обувки за аутото. На спаркот за жал во таа димензија не можеш да пробаш некои од нив, пошто обично премиум спортските почнуваат од димензии 195 или 205 (спортконтакт 3 почнува од 17 цола на пример и нагоре). Верувај ми... она што може колата со мид рејнџ гума на суво, премиумот ти го овозможува на дожд. за суво е неспоредливо. Пак ќе кажам, со спаркот, веројатно не ни можеш повеќе од тоа што си го добил со мид рејнџ, ама кога имаш кола преку 1.200кг - друг муабет..