Со оглед на насловот на темата „Измерена потрошувачка на гориво“, сите ние треба токму тоа и да го направиме, па дури потоа да постираме релевантни податоци, освен ако не сакаме да се лажеме себе и другите на форумов.
Најдобро е кога покрај податоците од патниот компјутер, пресметаме потрошувачка со надополнето гориво на подолга километража.
Мерењата на кратки релации доведуваат до голема грешка и големи варијации дури и на идентична релација.
Исто така, без наведени податоци за возилото и без реална просечна брзина на патувањето, неможе да се долови реална слика за патувањето, па останатите форумџии, секогаш ке имаат погрешна претстава.
Еднаш веќе беше предложено да се остават повеќе детали за мерењето:
1. Тип на возило и мотор (не сакам да претпоставувам од кое возилот се мерењата или пак на секое да одам во профил на корисникот)
2. Вкупна должина во км на мерената релација
3. Просечна брзина на мерената релација по борд
4. Просечна потрошувачка по борд
5. Просечна потрочувачка според надополнето гориво
6. Специфични услови при мерењето: товарено, климатизирано, со аеродинамични оптеретувања (кровен куфер, приколка, отворени прозори)
Повеке детали може ако има потреба, но горенаведените мислам се основни.
Редоследот не е битен.
Во поинаков случај сите ние можеме иста релација да ја минеме со 3,7 л/100 и 17,4 л/100 и истото да го прикажеме на форумов се во зависност што сакаме да потенцираме. А вистината е секогаш некаде на средина.
Со таква форумска култура ќе се зголеми легитимноста на постовите, а ќе се намали бројот на самоубиства заради неможноста да се преживее синдромот „голфот на Трајче троши просечно 3 л/100 помалку од мојот !!!

“.
Од друга страна ќе се стекне и реална претстава колку во основа се жедни возилата кои ги експлоатираме во реални услови, за разлика од податоците кои ни ги сервираат производителите од бенч-тестови за европски услови.
п.с. Се надевам постов ќе биде разбран добронамерно