Имам некоја апликација во телефонот, со која си водам евиденција кога ставам гориво, колку литри и на која километража.
За 2012-та, од јуни (тогаш ја инсталирав апликацијата) до завршување на декември, имам наточено точно 400.8 литри, и поминати 6081 километри. По ова, просечна потрошувачка ми излегува 6.59 l/100 km.
Можам ли вака да ја рачунам оваа како реална потрошувачка, или да го сменам методот на мерење?
п.с. просечна цена на гориво за истиот период - 82.1 денари, а вкупно сум лупнал 32800 денари за горивото.
Инаку, задоволен сум од потрошувачката. Грубо, километражата е 70 % е градска, 30 % на отворено.