ОК, моите три најомилени примери:
Пример 1. Сеат Кордоба SDI, накрцана со четворица стокилаши и пун гепек куфери. Скопје - Дубровник. 500 километри, ама не автопат, туку низ косово: еден гигантски планински превоj (углавном качување у втора, понекогаш трета) и влечкање во колони позади шлепери и автобуси низ Црна Гора - влечкање, па нагли стартови за претицање, па пак влечкање. Полнам цел резервоар во Скопје, пат до Дубровник, таму возење до плажа, град, ово оно, и враќање назад. И останало гориво за уште 2-3 дена до работа и назад. Сето тоа со еден резервоар (околу 50л).
Пример 2. Кашкаи 1.5 дци, мазен рамен автопат во Франција (женева - париз - биариц). Без клима и со сантиметар отворен прозор. Надворешна температура околу 20 степени. Скоро 1500 км со еден резервоар.
Пример 3. Кашкаи 1.5 дци, камен ладен мотор, пуштена клима, релација маџари-тафталиџе после работно време низ најголеми гужви, преку пластичната улица. Околу 5 литри на 100 км (според борд компјутер).
Напоменувам дека во ниту еден од овие случаи немало никакво влечкање или нервирање на другите учесници во сообраќајот. Цело време е држено темпо со остатокот од сообраќајот.
Во примерот бр.1 братучед ми изгуби опклада (идевме заедно, он со Корола 1.6 бензинец) така да ми го плати тој еден резервоар. :-)