Имам ибица 1.4мпи 60коња од 2000година.
Мерев потрошувачка неделава со пунење до врв ми излезе 10.5Л гратска. Ме интересира дали е тоа нормална потрошувачка за таа кола? Има ли некој иста таква да троши помалце? И дали можам да ја намалам потрошувачкава?
Не треба да троши толку. Тоа е потрошувачка за 1,6-1,8 мотор.
Те спасува поекономично возење, нови свеќици, наштелувано палење, допумпување на гумите, вадење непотребна тежина од гепек, да не се преполнува со масло, да се смени филтер за воздух. Е сега ако зборуваме за зимска потрошувачка тогаш бројката е ОК. Ако толку ти трошела летово тогаш треба да поработиш малку на одржувањето.