Претходниот викенд бев малце до Јадранот. Поминав вкупно 1678км со 83.3 литри гориво. Пресметано со дигитрон му доаѓа 5л на 100км.
Стил на возење на одење: Германија 130-160. Австрија стриктно по знаци заради камерите што мерат просечна брзина. Словенија +10-15 од дозволено. Хрватска (малку автопат) 130-140. Локални и магистрални патчиња по знаци до +10. На враќање гужви и колони после Салцбург па се до Штутгарт. Последните 350км просечната брзина ми беше околу 60км/ч. Просечната брзина од целото патување според МуТ 83км/ч. Се на се нит многу брзо, нит многу бавно.
Јас презадоволен и ја исперав денеска од ќеф.

Инаку со колата поминав веќе 20к километри откако ја купив лани во Јули. Просечна потрошувачка за тие 20к километри 5.34 на 100. Сите до еден т.н. новинари и тестери за коли кои тресат од ракав дека од хибридниот погон нема никаква полза на автопат и долги патувања, дека е бучна и неудобна, дека безобразно многу троши на високи брзини немаат појма што тропаат.
