Поминати 423км и потрошени 26.45 литри нафта, што му доаѓа 6.25л/100км.
Релацијата беше Скопје-Ниш-Скопје.
На одење возев цело време со клима, на враќање воопшто не ја пуштив. На граница чекав 15 мин на одење и 5 мин на враќање.
Цело време возев од 120-150 км/ч, што според време на пристигнување му доаѓа околу 100км/ч просечна брзина, можда некој км повеќе (немам борд за точна просечна).
Ова ми е досега најголема потрошувачка откако ја имам колава (35к км). Досега просечна потрошувачка на сета оваа километража ми е 5.17 л/100км комбинирана (да речиме 80/20 отворено/градска).
На регионални патишта и автопативе во МК ми е поекономична, иако често ми е педал до метал за престигнувања и нагоре по Плетвар. Но на автопат каде што возам 140-150, а максималната брзина на колава е 160км/ч, потрошувачкава е поголема.
1 литар не е многу воопшто, но ете никогаш не сум извадил ваква потрошувачка па решив да споделам
Возило Форд Фиеста 1.4 тдци 68кс 2006 година.