Денеска тупам со прости/глупи прашања, ама кој не прашал, не знае.
Дали колата е поекономична за возење (на отворено) при нејзиниот највисок обртен момент, да речеме на 4400 rpm?
Никако. Колата треба да е при највисок обртен момент кога ЗАБРЗУВА. А кога одржуваш брзина треба да е во НАЈВИСОКОКАТА брзина во која не се мачи. Значи на дизел менуваш на 2500 од прилика, и не симнуваш под 1750. А на бензинец менуваш на 3500 од прилика и не симнуваш под 2000.
Постојат графици на ефикасност на моторот, и тие се 3Д и многу тешки за читање. Ама генерално моторот е најефикасен кога испорачува ПОЛОВИНА сила, односно 50% од максимумот. Значи ако при 3000 вртежи (на бензинец) колата има 60кс, ти треба да користиш 30кс. Со други зборови треба да не ја газиш педалата за гас туку да ја допираш само.
Малце комплицирано е...
Вака нешто е графикот на добиена сила при потрошено количество гориво, за скоро сите атмосферски беензинци.

Значи секогаш треба да си во кругот 250. Брзината на моторот да е 1500-3500 вртежи и да се користи околу 70% од расположливиот момент (да не се гази до даска). Во тоа подрачје моторот ќе развива најголем однос вложено(гориво)-добиено(сила). Ова е за забрзување или искачување, кога ќе забрзаш и веќе сакаш да одржуваш, менуваш брзина за моторот да е што поблиску до 2000 вртежи.