Зашто овие нашиве пишале до 150км со едно полнење, вистина ли е?
На страната пишува батеријата е 120Ah, 12V, 5 ќелии.
Според тоа капацитетот е 1440Wh, односно 1.4kWh. Моторот е со моќност од 2.8kW па затоа што е ужасно слаб постојано ќе го возиш со педалот на под, батеријата ќе издржи само пола час. Викаат дека максималната брзина му е 70km/h, што според видеоно е некако многу оптимистичко. Ај да речеме дека е достижна, при таа брзина ќе успееш да поминеш 35 километри за тој пола час.
Можеби си сфатиле дека секоја ќелија е со толкав капацитет, па помножиле со 5.
Баш ме интересира колку домет се вади низ Скопје, и колку ќе те пцујат додека ти се мачиш да достигнеш 50km/h
Ама можно е и да се многу погрешни спецификациите.
http://www.zapworld.com/vehicles/urbeeСпоред ова, со истите спецификации за батеријата и моторот, максималната брзина е 40km/h, што ми изгледа многу пореално, а кај дометот пишале над 150km/h што е нелогичбно, затоа што е мерка за брзина, не за растојание.