Интересно видео, неколку факти шо ги наслушнав. Првото електрично возило се користело во 1890та, моделов на видеото е од 1901 и имал рејнџ со тогашните батерии од 60 милји.
Во 1903 дури ние пукавме со дрвено топче и фрлавме камења против турците во Њу Јорк имало 600 електрични такси возила.
Имало две станици за замена на батерии, застануваш ги вадат на лизгач палета батериите, ти ставаат друга палета со батерии, бичиш во рок од неколку миниути со фул рејнџ.
Денес 130 години технологија покасно имаме рејнџ од 6 сати за 600 километри според видеото со ионикот шо го постирав, полнење очајно бавно по полначи, сите полначи по сите држави се прича сама засебе со апликации и шо не, уште ако има два тројца пред тебе треба да бараш соба во хотел. Нереално набувкани цени в небо било за електрично или хибрид возило во споредба со истото со бензински или дизел агрегат.
Капак на тоа, дупло поскапа потрошувачка по џеп во просек спрема возило на нормално гориво.