Полнењето искрено не го гледам како ценовен фактор. Заштеда од тоа нема да има којзнае колкава. Освен ако не поминуваш огромни километражи во град - тогаш да, може да има заштеда. За такси и слично електрично е измислена работа. Си има тип со ID3 кај делишес, го полни кај Интермецо, има Еголф си вртат јако цел ден. Тоа е тоа. Искрено тоа е според мене идеално. Ем како работно место возењето ти е многу растеретено, нема напрегње при возењето. Не те занима гужва или не, си чекаш и си притискаш педала само. Удобни се, НОВИ се, практични се. Стварно тука се неприкосновени.
А за нормално возење и километражи од 5-10000км годишно цената е преблиску до Mustang V8, за да би се избрало нешто такво.