Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 537358 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1830 на: 23 Јануари 2020, 22:25:09 pm »
Си гази Тесла. Имаат одличен маркетинг, најдобар склоп на батерија и мотор. Продаваат директно а не преку дилери, па сите добиваат иста цена а не јас добив волку попуст онај добил толку.
Кизнај кај нас у салонот на Тесла колку попуст ќе даваат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1831 на: 27 Јануари 2020, 09:49:45 am »
Најдоброто електрично возило моментално да беше 9990 евра.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1832 на: 30 Јануари 2020, 14:49:56 pm »
Најдобра, хмм  :-\ ...
Мислам дека има многу конкуренција во тој сегмент, а за цена од 9,999 ќе почекаме...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1835 на: 07 Февруари 2020, 08:07:54 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1836 на: 07 Февруари 2020, 08:23:57 am »
Електрични возила се иднината. Литиумски батерии не се иднината.

Интересен текст
https://avtoplus.mk/plug-in-hibridite-vo-realnosta-emituvaat-tri-pati-poveke-co2/?fbclid=IwAR14nlXUPzLfW6VxXgxI0QPAN8S12oynIA_XUgeZKOXiDvPfe0-4m6ZXrt0

Убаво срочено, затоа и се прават Smart и Mild hybrid возила кои се ем поефтини, ем полесни. Особено што се многу полесни.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1837 на: 07 Февруари 2020, 09:41:28 am »
Убаво срочено, ама кој да прочита како што треба.

Не е дека колите се проблем. Луѓето се проблем, односно нивните навики и одбивањето истите да се сменат и еволуираат.

„... покрај предупредувањата возачите забораваат да ги наполнат и наместо тоа избираат да возат само на гориво.“

„Како причина се наведува и тоа што возачите во компаниите се стимулирани да точат гориво во возилата, користејќи картички од компаниите, наместо да ги полнат батериите на автомобилите дома и самите да ги плаќаат сметките за гориво.“

„според нивните докази, прашање е дали некои plug-in хибридни возила некогаш воопшто и виделе кабел за полнење. Во многу случаеви гледаме како некои PHEV никогаш не се полнети, возат на подолги дестинации и ова не е добро прилагодено за голем број корисници на автомобили“

Купувањето плаг-ин хибрид бара промена на навики. Никој не го негира тоа, тоа е дури муабет кој се прави и пред да се купи кола, и кога ќе се купи кола. Плаг-ин хибрид не е за секого, и тука нема муабет. На пример, баш сега праевме муабет со Peugeot на презентациите на 3008 и 508 хибрид - на сите пазари каде ќе се нудат колите, Peugeot ќе има локален партнер за инсталирање на домашни полначи. Ако немаш, да добиеш, по пристојна цена. И едноставно - полнењето ќе ти стане навика. Како што ни стана навика да го полниме телефонот, така ќе ни стане навика и да ги полниме колите. И тоа е тоа. Ништо страшно не е. Peugeot дури нуди можност за deferred charging, односно, доаѓаш дома во 7 вечер, ја уштекуваш колата на полнач, ама она е подесена да се полни после полноќ, на евтина струја. Чиста работа.

Бара промена на навика, мала адаптација на животен стил, итн. И тоа е океј.

Едит:

Кабелот уштекан во подрум, само крајот за полнење надвор. Доаѓав дома, колата во двор, уштек. Хајт. Ем не паркирам на улица, ем уклучувањето на полнење трае цели 5 секунди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1838 на: 07 Февруари 2020, 09:55:18 am »
Треба да го имаш подолго за да видиш дали ќе го практикуваш тоа редовно. Тоа е едно.
Второ ако имаш ете како што се наведува „картичка службена за гориво“ дали ќе го користиш полнењето воопшто.
Трето колку луѓе имаат опција за домашен полнач реално.

Затоа треба објективно да се гледа, а не субјективно јас или ти како би постапил, туку како би постапиле 90% од корисниците.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1839 на: 07 Февруари 2020, 09:58:08 am »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кабелот уштекан во подрум, само крајот за полнење надвор. Доаѓав дома, колата во двор, уштек. Хајт. Ем не паркирам на улица, ем уклучувањето на полнење трае цели 5 секунди.
Па баш за тие што возат возила на фирма (и јас користам такво возило) и за кои што верувам дека повеќето се ограничени дека за приватни потреби треба да си сипнат горивце, а некако го бајпасираат тоа, е измислен PHEV. Си паркирам во гаража, пред спиење уштекувам на полнач, станувам гасам, полна батерија. Во план е да се менува возилото што моментално го користам во догледна иднина, и искрено 100% бев сигурен дека тоа ќе биде хибрид, ама од 01.01.2020 знам дека нема да биде хибрид доколку не ги вратат давачките како што си беа, затоа што ова е претеризам, ќе си возам пак дизел.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1840 на: 07 Февруари 2020, 10:02:29 am »
Треба да го имаш подолго за да видиш дали ќе го практикуваш тоа редовно. Тоа е едно.
Второ ако имаш ете како што се наведува „картичка службена за гориво“ дали ќе го користиш полнењето воопшто.
Трето колку луѓе имаат опција за домашен полнач реално.

Затоа треба објективно да се гледа, а не субјективно јас или ти како би постапил, туку како би постапиле 90% од корисниците.

Да е моја колата, ќе гледам секој ден да ја полнам, особено ако примарно возам низ град (како што возиме повеќето), за 100 км да ме чинат 40-50 денари на струја наместо 400-500 денари на бензин. Чисто од финасиски аспект. За мене, а верувам и за повеќето луѓе, тука завршува муабетот.

Второ - ако имаш службена картичка за гориво, компанијата ќе ти каже - имаш службена картичка за гориво, со толку и толку лимит. Рестото, плаќај си сам и полни ја колата. Повторно, до навика и до барање соодветно решение е.

Трето - колку луѓе имаат опција. Апсолутно точно. Тие што имаат опција, ќе купат плаг-ин хибрид, тие што немаат, нема да купат. As simple as that. Треба време. Ама не треба многу за да постигне некој напредок - треба само пропис дека кога купуваш стан во зграда во која имаш и гаража, да имаш еден обичен штекер за струја. Толку треба, не повеќе. Ако веќе имаш двор, муабетот се надминува инстантно, односно  не треба ни да се прави.

Повторно - не е за сите, не е идеалното решение, далеку од тоа. Ама за многу луѓе одговара, само треба промена на навики.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1841 на: 07 Февруари 2020, 10:17:00 am »
Колку се тие многу луѓе?

Јас имам влез во двор со самошто инсталиран штекер наменет за полнење на електрични возила. И го направив тоа баш за да сум спремен ако треба утре да се полни такво возило кај мене. Ама колку еве реално во моментов такви има во целата МК? 5? 8? 500? А има 500.000 возила. Значи 0.001%? Преку сила 0.1%? Еден промил. И да има рапиден ултра рапиден раст и да речеме дека тој ултра максимален број од 500 ќе го земеме и ќе се зголемува за екстремни 500 секоја година колку ќе се зголеми процентот? Еве и по 1000 (!!!) куќи да се преправаат секоја година, да се поистоветиме со Швајцарија или Норвешка. Имаме 20000 „нови“ возила годишно во МК. Значи пак ќе е малку за воопшто да се примети некаков процент кој не би се израмнил со 0.

Од друга страна со микро хибрид или хибрид со мали батерии се спремни 100% од домаќинствата уште денес. Ако е лесно возилото и има соодветен мотор - истото ќе потроши помалку Цо2 отколку плагин хибрид со сигурност. А и на крајот пари. Што заради помалата батерија која е поефтина за набавка и замена, што поради тоа што таа батерија е ужасна за производство, што поради продажната цена после неколку години и слично.

Моето мислење е дека плагин е решение за премногу мал број на корисници. И сегашноста е во смарт хибриди и мајлд хибриди, а во иднина кога ќе има соодветно складирање на електрична енергија - електрични возила.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1842 на: 07 Февруари 2020, 10:28:47 am »
Се согласуваме, генерално. Јас микро-хибридите не ги есапам баш, најверојатно бидејќи до сега не сум возел саглам микро-хибрид за да ги есапам како релевантно решение.

Неколку пати кажав - плаг ин хибрид не е идеалното решение и не е за секого. Како и возила на струја, бара соодветна инвестиција во инфраструктура, промена во навики, итн. За корисници со двор не е ама баш никаков проблем - сè што треба е еден продужен кабел до најблискиот штекер. И хајт.

„Многу луѓе“ - мислев на возачките потреби и навики. Сигурен сум дека поголемиот процент од возачите во Македонија 95% од километрите ги проаѓаат низ град. Од дома до работа и назад. Евентуално деца носење вамте-тамте и слични потреби. За нив, плаг-ин хибрид е супер опција. Тоа што е потребно (како што напоменав погоре) е малку промена во инфраструктура и навики, тоа е inconvenience ама не е страшно.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3719
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1843 на: 07 Февруари 2020, 10:31:17 am »
Во Франција електричните возила во јануари имаа пазарен удел од 8,2% и раст од 250%.

https://bestsellingcarsblog.com/2020/02/france-january-2020-peugeot-208-ii-breaks-nameplate-record-share-renault-zoe-up-to-3-in-market-upended-by-new-emission-rules-and-bonus-malus-13-4/
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #1844 на: 07 Февруари 2020, 10:32:44 am »
Се согласуваме, генерално. Јас микро-хибридите не ги есапам баш, најверојатно бидејќи до сега не сум возел саглам микро-хибрид за да ги есапам како релевантно решение.
Веќе нема да имаш избор, сите следни нови возила ќе се такви.

Неколку пати кажав - плаг ин хибрид не е идеалното решение и не е за секого. Како и возила на струја, бара соодветна инвестиција во инфраструктура, промена во навики, итн. За корисници со двор не е ама баш никаков проблем - сè што треба е еден продужен кабел до најблискиот штекер. И хајт.

„Многу луѓе“ - мислев на возачките потреби и навики. Сигурен сум дека поголемиот процент од возачите во Македонија 95% од километрите ги проаѓаат низ град. Од дома до работа и назад. Евентуално деца носење вамте-тамте и слични потреби. За нив, плаг-ин хибрид е супер опција. Тоа што е потребно (како што напоменав погоре) е малку промена во инфраструктура и навики, тоа е inconvenience ама не е страшно.
Неможе да е супер опција за нив кога се паркираат на улица.