за оние поупатените во оваа проблематика - што е разликата помеѓу гуми од ист модел, но со различен брзински индекс?
што има повеќе или помалку онаа со поголем брзински индекс?

Гумите со поголем брзински индекс имаат подобрена јакосна карактеристика на материјалот од кој е изработена каркасата или металната подлошка во самиот пневматик (види слика 1.Karkasse).
Тоа значи дека тој пневматик има поголем отпор кон центрифугалните сили кои што делуваат на него при вртење на пневматикот со голем број на вртежи. Центрифугалната сила при големи брзини се стреми да ја "откине" нагазната површина од зидовите на пневматикот, па затоа каркасата кај овие пневматици е малку покрута, и има поголема густина на челичните влакна и самите влакна се со поголем напречен пресек (во делови од милиметарот).
Челичното јаже или сајла (Drahtkern) има исто така поголем напречен пресек со цел да обезбеди засилена врска на гумата со фелната (бандажот) при услови на експлоатација со зголемена брзина каде што центрифугалните сили се доста големи.
Исто така кај овие пневматици гумениот страничен ѕид на пневматикот (Seitenwand) е малку подебел, за да може успешно да ги издржи динамичките оптоварувања што ги трпи пневматикот при возење на висока брзина. (Премин на пневматикот преку спој од мост со 180km/h).
Или кратко кажано: пневматиците со поголем брзински индекс се повеќе отпорни на различни оптоварувања што можат да се јават при високи брзини на експлоатација.
Температурата на пневматикот, како што е кажано погоре нема никаква директна улога со брзинскиот индекс. Температурата на пневматикот во текот на експлоатација може да се зголеми само доколку коефициентот на триење на пневматикот со подлогата драстично расте, односно зависи од квалитетот на асфалтот по кој пневматикот се вози. Пневматиците имаат фабрички определена фрикциона карактеристика, која е најдобра кога пневматикот е загреан на работна температура. Таа карактеристика пневматикот може да ја смени само доколку асфалтот е екстремно ладен или екстренмо топол, и секогаш се движи во опсег кој е безбеден за експлоатација. Кај летните пневматици оваа карактеристика се подобрува со покачување на температурата на самиот пневматик, кај зимните пневматици е обратно. Овде веќе игра многу улога структурата на материјалот од кој е изработен пневматикот, односно дали пневматикот е Nexen или Continentall (ама ова е доста обемно поле за дискусија и не би навлегувал повеќе во овој момент)
Летно време на отворено сонце, асфалтот се загрева и над 70 степени целзиусови, ако на ова го додадеме и дополнителното загревање од триењето на пневматикот со подлогата, тогаш ќе пукаа пневматици како балони на секој километар. Директен доказ дека температурата нема директна поврзаност со брзинскиот индекс.
Пневматикот може да експлодира доколку:
- е оштетен
- нагазната површина му е под пропишаната безбедносна димензија во милиметри
- се експлоатира пневматик со мал брзински индекс, на возило кое што ја надминува максималната пропишана брзина на пневматикот.
- зимски пневматик се вози во екстремно топли услови
Летните пневматици се дизајнирани да бидат екслоатирани во повисоко температурно подрачје од тоа што реално се случува на патиштата, и при проектирањето секогаш имаат поголема резерва на термичка издржливост, со цел да се минимизира влијанието од термичките влијанија при експлоатација.