Дали некој има искуство со NEXEN NBLUE HD PLUS или со NEXEN како бренд?
Читни назад 4-5 страни. Велат одлични биле гумите, па после се вадат додаваат: „за парите“. пошто кај гуми пари не ме интересираат, битно е дали се добри. Ама со оглед на цената, би рекол дека се просечни накај тапа. Може ќе купам сега летово па ќе видиме.
пред 2 години мислав дури оглас ставив да купиме со некој 4 гуми Нексен па да поделиме по 2, голема разлика е во цената меѓу 2 и 4 гуми... но никој не се јави, веројатно и мерката што ми треба 165/70х13 бил невообичаена ... тогаш купив Дејтонки, ама сега пак ми треба 2 летни гуми бидејки Матадорот од 2009 ми се крш, не се ни за задни за надвор да излезеш..
Има ли некој искуство со ТОЈО ??
пред 20 години купив половни гуми Тојо, фантастични беа , ама дали и сега е истото прашање е ?...