Да да ке ги сменам, барам замена веќе, имаше ист бандаш со ЕТ34 ама распродадени се. Си мислев, дали ако купам 2 исти само напред со ЕТ34 а назад ЕТ20, ке смета нешто?
Нема да осетиш дека ќе ти смета. Но да знаеш дека бандажи со различно ЕТ од пропишаното го менуваат начинот на кој оските (а со тоа и тежината на самото возило) лежи на патот. Од долготрајно возење по таков начин, самите елементи по подвозјето ќе се износуваат различно.
Друга работа, не знам дали си минувал технички преглед во Шведска. На пример, во Германија, ако возиш гуми на кола со различно ЕТ од пропишаното, мораш да минуваш вонреден технички преглед, за да утврдат дека се е во ред со колата.
За да немаш законски и технички проблеми купи си по пропишано. (мое мислење).