Да пренесам импресии од гумите... Прв посериозен тест, се работи за Nexen N Blue Eco (175/65/14). Поминати 1082км, 90% на обилни дождови од Скопје до Белград и назад. Возење и до 150км/ч на дождовите, без никакви проблеми. Супер се однесуваа и со насобраната вода по нашите ( а и по српските ) патишта, без пролизгување и несакани моменти. Бучава на задоволително ниво, удобна и стабилна вожња (нели во граници на очекувано за Цитроен Ц2).
Се на се, супер задоволен и ги препорачувам на било кој што бил во дилема за гумиве.