Морам да споделам искуство со Benelux tuning.
Пред скоро месец дена земав гуми од кај нив, нели со гратис монтажа и балансирање.
Одма по менувањето, само од 4-5 км до дома приметив чуден звук најизразен околу 50км/х, нешто као вуувуувуу. После два дена им се јавувам, како поминало балансирањето, дали се сеќаваат некој проблем да имало, дечкото прво вика неможе да е до гумите или балансирањето тоа што вади звук, сигурно е лагер некој (со старите гуми ни лагер се слушаше, ништо). Сепак им ја однесов колата да проверам на балансирка. Симптоматично ми падна и што само на една гума видов едно тегче, другите ништо.
Ги вадат предните, на машина и покажува дека е ок. Измерија ширина на бандаж 6, и баш ми стана чудно зашто се мислев дека се 6.5 (иначе станува збор за 16-ка со 205/55 16 гуми). Задните викаат не ги вадиме зашто сигурно се ок и тие. Звукот ако е до гумите, зашто не биле Мишелин или Континентал. Или да сум почекал барем 300км да поминам за да налегнат убаво.
Денес отидов кај еден вукланизер во комшии да ги проверам задните гуми, зашто тоа вуувуувуу си остана и многу ме нервираше. Бандаж 6.5 (ми покажаа и каде на бандажот ја пишува ширината) и отстапување од двете страни на бандажот. Двете задни исто. Ај викам и предните, иако ги видов на балансирката во benelux дека беа во ред. Отстапување огромно, едната 40-надвор со 20-внатре (на таа ставија дури две тегчиња од надворешна страна), втората малку помалку. А немаше ниедно тегче, со изговор дека обично гледале од надворешна страна да не ставаат (јас сум со раткапни, текчињата не се гледаат воопшто). А како се балансира гума ако бара тег и од надвор а ти не и ставаш, незнам, не сум до толку стручен. Или викаш дека е ок, само за да се заштеди тег и 10-тина минути работа.
Дали балансирката во benelux не им функционира, дали може да се подеси да покажува стално ок (да не мери воопшто) и само да ги ставаат гумите да ги провртат пред муштерии, незнам.
Јас сум крајно разочаран од benelux и веќе нема да помислам на нив во ниеден случај.
И да, одма се изгуби вуувуувуу звукот по вистинското балансирање. Среќа што не излегов надвор од Скопје (и немав над 70 возено) па да почнеше да ми тресе на некоја брзина од 100-120. Тогаш стварно ќе го земев секирчето со кое сечеа едно дрво денес кај вуканизеров и ми го понудија за да ги посетам benelux.