@n1kola
Jас мислам пристапот твој беше погрешен, а можеби и сакаа да те орепат, односно можеби сменаа политика во меѓувреме, па си рекоа зошто да не заработиме некој денар повеќе тука од простата маса во Битола. Есента на другарка ми и зеде татко и, 2 Тигар Винтера 175/65 Р14, по цена од ~3000ден по гума (на рати) од Пнеуматик.
Е сега дали е друга цената на рати ама пак 4000ден и 6000ден не е исто.
А еве мое позитивно искуство со Пнеуматик и пристапот мој, и зошто сметам дека твојот беше погрешен.
На маил си прашав за летни гуми 2 парчиња 195/65 Р15, ми вратија ова имаме она имаме. (Скопје Пнеуматик/ТДА Трејд)
Се јавив Битола да прашам што имаат моментално на лагер, и ги немаа Dunlop Sport BluResponse.
Се јавив Скопје и ми рекоа дека имаат уште 8 парчиња, па ги прашав дали можат да се пуштат 2 парчиња Битола и дали ќе ја добијам истата цена.
Одговорот беше, „Да можат да се пуштат, само да ни кажите за сигурно да ги резервираме, и да истата цена ќе ја добиете пошто иста е фирмата“.
Јас викам Благодарам и се јавувам Битола. Битола му објаснувам, сакам Dunlop Sport BluResponse се јавив во Скопје имале уште 8 парчиња па сакам кога имате следна пратка не ми се брза да ми донесите 2. Добро вика дечкото да се јавам да прашам. По некое време ми се јавува и ми вика дека можи и дека четврток иди комбето со следната пратка и дали ми одговара тогаш и дали ќе ги земам. Му потврдувам.
Иди четврток, му се јавувам и прашувам дали се стигнати гумите да дојдам да ми ги наместат? Вика стигна комбето меѓутоа гумите ги немаше моите. Да проверам уште еднаш ќе ти кажам, вика дечкото. Проверува и ми се јавува, и ми вика настанала некоја грешка не ги пуштиле гумите од Скопје, дали сакаш утре да поминиш по карго ќе ги пуштат денеска од Скопје. Можи во ред не е проблем. Се јавувам петокот вика тука се, до 5 часот помини ќе ги монтираме.
Благодарам, поминав ги наместивме, цена му реков 7000? толку од скопје добив понуда. Пресметува нешто пиши во компјутерот, 7000ден. вика. Повелете пријатно.
Едит: Иако е „истата фирма“, сепак треба да се договориш и со едните и со другите, шо како, колку, зошто,
или требаше да прашаш Битола, за Гудјиар од Скопје ми ја понудија оваа цена, и дали можат да се донесат за истата цена тука во Битола и да се монтираат.
Можи, фала, не можи, чао пријатно.