Треба да зимам летни гуми, па секое искуство е добредојдено, на тестови по интернет не им верувам многу многу.
Листот со цени ми остана на работа, па во понеделник ќе ги пишам цените од повеќето продавници за гуми во Скопјево.
За димензија 205/55 Р16, изборот го сведов на следниве модели
- Континентал Премиум контакт 5 - околу 18.000 денари, немам некое посебно мислење за гумиве, сега возам Премиум контакт 2 и се онака, ништо посебно, цената ми е височка и си викам ако давам 18 да дадам уште 2 и да земам Мишелин Примаси 3, со еден збор скапички ми се ама ако некој ме убеди дека вредат ќе дадам толку пари.
- Пирели П7 - околу 16.000 денари, и искрено овие ми мутат вода, сум немал никакво искуство, ама па Пирели се си викам, ваљда се добри.
- Данлоп Блуреспонсе - и овие исто ко Пирелито, дури можеби за овие имам и подобро мислење иако ниту едните ниту другите ги немам возено во ниедна димензија на ниедна кола.
- Фулда ЕкоКонтрол - околу 14.000 денари, да не прашав за цени и да ми кажеа малку повисоки цени за Пирелито и Данлопот, ќе ги земев без око да ми трепне, ги возев и бев презадоволен, Возам зимски Фулда и сум исто презадоволен во однос на вложено добиено. За иста цена ги има Униројал Раин Експерт3 и Ханкоок незнам кој 3, ама како што кажав во овој ценовен ранг и волку пари освен за Фулда за друга марка не ги давам, многу км ги имам извозено неколку пара на неколку коли и многу, ептен многу им верувам на гумиве.
Незнам зошто ама Ханкоокот и Униројалот во мој очи ги гледам како кинескине Нанканг, знам дека не е така, ама јас така ги перцепирам, зошто незнам. Ама за се има првпат нели.
Нокиан нема шанса да ставам, поклон да ми ги дадат. ќе ги поклонам и јас на некој, малку фалеше да отидам во неповрат. (од нигде никаде ми пукна на автопат на брзина од 160, среќа задна беше).
Кажете мислење или предложете некоја друга Марка/модел за цена од околу +- 15.000 денари.