Ако ЕТ-то ти е помало од фабричкото, и ставиш една димензија поголема гума, шансата да ти фаќа е голема.
+ Помало ЕТ, поизбацен бандашот, поголемо оптоваруваље првично на лагерите, а потоа и на целата предница, задница. + Што има можност да ти фаќаат тркалата. Инаку ако ставиш нови бандаши, поголеми но со исто ЕТ, ке имаш пошироки гуми, а со тоа и пониска димензија, ама нема да ти фаќаат. Може да фаќаат ако и само ако ЕТ-то е помало.
Пример ти си имал ЕТ 45, а си ставил поголеми бандаши со ЕТ 35. Тоа е цел сантим поизбацен бандаш. + Тука мора да се земе во предвид и колку цола е оригиналниот бандаш и заменскиот бандаш. И тоа никој не го зима во предвид.
Значи ако се стави соодветен бандаш со ЕТ и цолажа, препорачана од производителот, гумата никогаш, НИКОГАШ нема да закачи, освен ако не се прави модификација на амортизери и спирали.
Во секој друг случај постои веројатност гумата да фаќа. Штом фаќа, значи нешто не е соодветно ставено.
Фала многу пријатно.