Само што се јавив кај Клинчар, викам дечко, понуда за гуми 205/55 R16, немаме таква димензија...
Сеуште не ми е верно.
Добро не ми е јасно кај го најдовте Клинчарот да го прашувате за понуди за гуми, од сите мега компании што се у Скопје и што се занимаваат со увоз на гуми....... Сигурно он нема да ви даде подобра понуда од нив не си го трошите времето моја препорака 
Ултра, мега гига компаниите од Скопје идат со 400-500 денари поскапа гума од Клинчар. Мишелин Пилот Спорт е 5100 кај него, кај компаниите од Скопје, од 5400 па нагоре. Истата гума.
Се деси некое срање со дечкиве од Клинчар прв пат кога се слушнав, изгледа не се разбравме кога им побарав 205/55/16 гуми.
Се јавив пола саат покасно и се разбравме. Добив 10% попуст на гумите, и достава на нивен трошок до Куманово.
Требаше пред 2 дена да ги добијам гумите, али ми се јавија, се извинија, кажаа дека само 2 имале на залиха, и пошто нарачав 4, ме прашаа, дали сакам сега 2 да ми пратат, па за недела дена уште 2, или, по нивна сугестија, да почекам, за да не бидат гумите од различна серија/недела на производство?
Фино, културно, разбрано, поефтино.