Мое мислење Континенталот. Пред континенталот возев Пирели П Зеро Росо, и беше премногу тврда и бучна гума. Знам дека е различна од Зеро Неро, но јас тука раскрстив со Пирели, после 20 ина ккм станаа премногу бучни.
Единствена светла страна им беше тврдиот страничен ѕид кој даваше одличен филинг при динамично возење. Континеталот СпортКонтакт5 XL сега ги возам на колата. 25ккм до сега имам со нив поминато, и имаат грубо некаде околу 10ккм останато за сигурно возење, возени се исклучително брзо и агресивно, а и дизелот доста ги е**ва гумите при градско возење така да одличен напредок во трошењето на гумата во споредба со СК2 и СК3. Одлични перформанси и грип како на суво, така и на влажно.
Доста добра гума за возење зошто скоро секогаш осеќаш уште колку имаш грип во неа, а и кога ќе снема грип предупредува со цвилње и мало попуштање, за разлика од некој гуми кој го губат контактот со подлогата наеднаш и се доста непредвидливи. Доста меки и тивки гуми за разлика од Пирелито, со други не сум ги споредил но според тестовите верувам дека се при врвот. Единствено можеби би можеле да стават малце потврд страничен ѕид но и вака е супер гумата и би ти ја препорачал целосно. Исто така разгледај во Стоп-Го и Гудјиар Ф1 Асиметрик 2 види што цена ќе ти дадат.
Кога барав гуми за мене, ги бендисував многу и Ханкукот, имаат одличен грип и оценки но сите имаа забелешка дека се трошат премногу брзо. А и цената им е скоро па иста со континенталот. Семперитот лично не би ги гледал, премногу мала разлика во цена за да се нафатиш на некој компромиси.