И јас ги меркам овие гуми, мека вожња имаат? Некој што ги има или ги имал?
Јас ги имав, направив околу 40.000 км со нив. Да, имаат мека вожња, но гумата треба да исполнува и други критериуми покрај удобноста.
1. Удобност и држење на суво, од 1 до 10 - 10 (чиста десетка). На летно, суво и вруќо време ДОМИНИРААТ. Неверојатно чувство на сигурност, лепење на патот и потполно предвидливо однесување. Феноменална прогресивност.
2. Држење на влажно и отпорност кон аквапланирање од 1 до 10: 1 (чист кец). На мокро со нив само полека и тоа по полека отколку што интуицијата ти зборува дека може! PC2 се одлични гуми за показни вежби од областа на аквапланирањето и неочекуваното губење тракција при валкана/влажна подлога.
3. Држење на мраз/снег од 1 до 10: 0 (нула). На снег и мраз со нив никако. Боље остај ја паркирана колата и заврши си работа со автобус/такси. Возење со нив на студено време is downright dangerous!
Имајте на ум дека горните мои субјективни оценки се донесени на
чичка нови гуми!
Поради точка 2 и само поради точка 2 навистина не можам да ги препорачам како летна гума, бидејќи секоја локвичка претставува сериозен ризик. За хипотетичкото второ ауто кабриолет кое ќе се вози само на топло и суво време, ги препорачувам миљон посто. Но за секојдневна употреба во умерена континентална клима - не.
Малку поевтини, а и понатаму феноменални премиум гуми и кои многу би ги препорачал
за нашите патишта се Dunlop SP30. Многу се тивки, многу удобни а сепак пружаат фидбек за подлогата, лепат и држат у кривини, имаат одлична прогресивност и предвидливост, а шарите пропуштаат бааги вода. На мраз и снег се снаоѓаат неочекувано добро ко за летни гуми (ја сочувуваат прогресивноста)
PC2 само за сув, мазен и одржуван чист автопат. Таму се ФЕНОМЕНАЛНИ. Но за во мк? не се добар избор imho.
Eве слика од Dunlop SP30
