Помеѓу овие три гуми Barum polaris 6, NEXEN WINGUARD SNOW G 3 WH21 и Sava eskimo HP2 со димензија 205 55 16, кои да ги одберам за земање или иста класа се?
Предлози надвор од овие три примаш, или сведен е изборот строго на овие три?
Примам предлози, само да се во овој ценовен ранг +- некој денар.
Кога барав иста димензија, во опција имав Мишелин произведени 2022, Континентал 2021, Сава тазе и Ханкукот што ги земав - тазе.
Моментална на Ханкук на еКупи ја гледав 5.500,00 за 205/55-16.
Модели, не ме прашувај, не се сеќавам. Само знам дека старите Мишелин и Конти беа за по 1.000,00-ка плус од тазе Сава и Ханкук. Премиум - непремиум, не можам да си оправдам да плаќам 20% повисока цена за гуми стари цирка 3 и 4 години.
А и начинот на возење ми дозволува да возам непремиум гуми, од причина што не си ги преценувам возачките способности и настојувам да возам согласно условите на патот и сообраќајните знаци. Во комбинација со “супериорен мултилинк” позади, удобноста ми е приоритет и многу поштовам мека и тивка гума.
Во врска со староста на гумите ако малку се чепне на нет, а и тука имаше некое видео дека гума со постар датум на производство, пример 1 година е подобра од денес произведената од причина што чувањето било дел од процесот на производство и со тоа всушност добиваш поквалитетна гума и подобри возни својства отколку да ставиш гума произведена пред месец дена. Видеото е овде од форумот и баш на оваа тема објаснување даваа и професори од универзитетот во Белград. Ова се однесува на гума чувана во соодветни услови и до 2 години.
Тој муабет е за стари технологии на гуми од пред 15-20 години. Таа секако ќе остаре па пак ќе си ја имаш. Новите гуми напраени по најсовремени стандарди се добри и кога се тазе.
Може, не велам не. Но, во исто време и држи логика ако земеме во предвид дека гумата во основа е природен материјал, па овој процес на "зреење" е дел од целиот производен процес.
Воопшто не е природен материјал. Има мал процент каучук (10%) ама тоа е само за да се допринесе кон одредени својства, инаку гумата од нафта се прави. Понатаму јагленородни прашини, силикати и слично, така да зреењето нема врска со природните материјали. Зреењето е продолжен процес на вулканизацијата и испарувањето на етерични масла кои се користат за да се избленда гумата рамномерно.