Да, за зимски е, ама општо околу брендот ме интересираше. Разликата е некои 5,900 ден за сите 4 гуми од Ханкук до Континентал. Затоа и прашувам можеби многу пати околу ова, бидејќи зимно време правам мала километража, ама одам Крушево секоја недела скоро, Петласот ме однесоа таму каде што многу коли не можеа, но на влажен кружен влегов малку побрзо (30-40) и ме извртија скоро до стуб... Затоа и барам некоја гума која се однесува добро и на сув и влажен асфалт(не само на снег и мраз), бидејќи кај нас може и тоа да се очекува, секоја зима е различна. А дека колата би ја возел наредни 5 години, не знам, знам дека би ја чувал, а активно би се возела уште 2-3.
Инаку споредбата е меѓу Continental TS870 и Hankook Winter I*Cept RS3.