Ајде повторно да се потсетиме.
Тие четири правоаголници контактна површина на гумите се единствениот контакт кој колата го има со подлогата. Све што прави колата и све што ќе успее да направи колата директно оди преку нив.
Добри гуми прават огромна, монументално голема разлика. Конкретно:
Подобро долови со тоа дека при кочење од 100кмч на мокро најдобрата гума кога веќе СТОИ, буџетската сеуште оди со 46кмч!
Ете, нека не е 46 километри на час разликата. Нека е 30. Пак е многу. Без разлика дали ќе удриш во столб, во друга кола, во пешак или во точак. Огромна е разликата.
Мојата препорака секогаш ќе биде - земи ги најдобрите гуми кои можеш да си ги дозволиш. Тие 100 евра што ќе ги ушпараш, може да те чинат многу повеќе.
Моментот со добрите гуми не е „кога би можело да се деси ова?“ туку
„дај да направиме што можеме да не се деси ова“.Изгледа следните гуми пак ќе ми бидат континенталки.