Знам за Савата дека се прилично добри според искуствата на интернетов, затоа и такви купив согласно буџетот. Но еве на Фиестата имам Windforce зимски, кои се 2017 година произведени. Супер искуство имам на секакви подлоги (суво, влажно, снег), а не се нови гумите и се кинезарија. Па од тоа тргнав дека и Матадорот не може да бидат толку лоши. Нормално дека никогаш не се опуштив како со Hankook-oт летни, а и не треба опуштање, не знаеш секогаш на каква подлога ќе наидиш во зима.