Не зборуваме за динг донг гуми, туку како што гледаш пневматици со релативно блиски параметри од познати производители.
Затоа и од еден производител имаш разни видови. Пилот Спорт, Примаси, Енерџи Сејвер и слично.
Секој може да си избере што сака. Мене на пример многу ми е важно да е удобна и тивка гумата. Имено еве Пирелите се потврди, и побучни. Фалкенот се одлични гуми, ама неверојатно бучни и тврди. Од Маврово до Скопје главата ми пукна, неможе муабет да се прави внатре во Королата. Истото го викаат и тука. Од друга страна ги имам Гудјиар и Мишелин како потивка, поудобна варијанта. Другите параметри се преблиски за да има некоја разлика.
https://www.tyrereviews.com/Article/2020-Tyre-Reviews-Ultimate-Summer-Tyre-Test.htmОсобено што сум возел стотици возила и разликата кај тивки и бучни гуми ја менува колата за 200%. Истата кола може да е ужас, и да е фантастична. Само со промена на гуми. Сум ја возел истата кола Скопје-Белград- Скопје со едни и со други. Разликата е чисти 2 класи во возилото.
Тоа си се мои сфаќања, не мора да ги делат сите. Ама ако веќе имам избор на гуми со слични карактеристики, особено внимание обрнувам на бучавоста, затоа што мене многу ми значи, и сум искусил на своја кожа разлика.
Ако не ти е битно, никому ништо. Си тераш и готово, уште полесен ти е изборот.
Конкретно Гудјиарот не само што не се Чонг Шенг туку се во топ 3 на повеќето тестови, иако се меѓу најтивките и најудобните, и Примаси слично котираат.