Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1750000 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3060
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10785 на: 09 Ноември 2020, 22:29:01 pm »
Зошто Континентал за зимски гуми помали димензии (15") за зимски ги нуди 830P и 860, а за поголеми димензии (17") нуди 810 Sport и 830P (не ја нуди 860)?

Одговор од Континентал:

"The size you have written is regarded as UHP size and TS860 tire is not regarded as UHP model. TS830 P is UHP tire, where P stands for PERFORMANCE. That is why size you specified is available in TS830P model. Also TS830P is getting new compounds in years, so that it follows modernization. TS830P is super performed tire and I have same model mounted on my company vehicle. "

Демек нови смеси континуирано ставаат во гумите ама моделот исто се вика. Важи.

Ќе мењам бренд.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10786 на: 09 Ноември 2020, 23:00:23 pm »
Смесите може и ги менуваат, не би било чудно тоа. Нова смеса во стари калапи е сосема океј практика што веројатно се случува.

Само проблем, или „проблем“ е што со новата смеса добиваш крампони/шара од 830 - дел од гумата кој верувам и дава на 860ката предности на некои полиња наспрема 830.

Како и да е, и 830ките беа, и уште се, гуми со високи перформанси во зимски услови. :)

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10787 на: 13 Ноември 2020, 09:34:58 am »
Здраво,



Во ТурбоМакс  вчера купив за 2 коли нови гуми. Едните ТракМакс другите Алтенцо. Тракмаксот  2019/35 недела, Алтенцото 2018/32 недела. Што мислите вие за текстов што е напишан во врска проблематикава ?

https://tranzit.mk/kolku-stara-smee-da-bide-novata-guma/
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10788 на: 13 Ноември 2020, 11:28:15 am »
Добар е текстот, со здравје да се возат гумите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10789 на: 13 Ноември 2020, 22:32:10 pm »
Здраво,



Во ТурбоМакс  вчера купив за 2 коли нови гуми. Едните ТракМакс другите Алтенцо. Тракмаксот  2019/35 недела, Алтенцото 2018/32 недела. Што мислите вие за текстов што е напишан во врска проблематикава ?

https://tranzit.mk/kolku-stara-smee-da-bide-novata-guma/

Зависи, јас не би земал гума стара година и повеќе. Не ради друго туку за таа година или две гумата е стоена некаде, во какви услови е стоена дали е деформирана или скривена тоа е едиствената причина. 3-4 месеци стара гума како и да е стоена не и влијае многу не е многу време, ама две години стара гума, тоа баш и не ми се допаѓа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10790 на: 14 Ноември 2020, 18:01:34 pm »
Ако возиш некоја стандард димезија како пр. 205/55 16ка или 225/45 17ка многу ретко ќе налеташ на стара гума.
Се трошат многу и не остануваат залихи локално.

Ама ако имаш нешто не толку стандардно големи се шансите.

Сепак за 2 години стари не би правел проблем..

Присутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10791 на: 14 Ноември 2020, 21:47:11 pm »
Ајде едно експертско мислење од форумскиот совет.
Дома имаме Спарк, се користи како трето возило, годишно едвај се поминува 2.000-3000 км. Ќе се вози престојниов период малку повеќе, што значи уште 1000 км. плус годишно.
Летните гуми се веќе 5 години стари, но зимски немам никакви. Размислувам и некако ич не ми се свиѓа опцијата да барам да купам челични бандажи и нови зимски гуми, мислам дека е превише инвестиција ко за Спаркчево и плус 12 тркала дома сепак место зафаќаат.
Највеќе би ми одговарало All Season, ама никогаш у живот немам возено ваква гума а знаејќи ја сите Скопската клима имам фуфка и голема дилема па не можам да пресечам.
Дополнително ме мачи фактот што сум на Водно, кога има снег малку потешко без зимска гума.

Fulda Multicontrol 2268 ден.
GoodYear VECTOR 4SEASONS GEN-2 3305 ден.

Ич не е проблем иљадарката плус, дали стварно е подобра и дали вреди е прашањето.
Или да си земам зимски? :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10792 на: 14 Ноември 2020, 21:57:49 pm »
Мислам дека со Vector 4Seasons ќе си ги решиш сите дилеми, особено ако не ти се проблем тие 4000 денари плус.

Ти сите проблеми ќе си ги решиш и со поефтините, ама за да немаш дилеми дали е исчистен снегот на улицата во тие 3 дена кога врне снег во Скопје, избери си Goodyear.

Со ова, гласам против зимски гуми за кола што не гледа вистински зими. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10793 на: 14 Ноември 2020, 22:06:43 pm »
Ајде едно експертско мислење од форумскиот совет.
Дома имаме Спарк, се користи како трето возило, годишно едвај се поминува 2.000-3000 км. Ќе се вози престојниов период малку повеќе, што значи уште 1000 км. плус годишно.
Летните гуми се веќе 5 години стари, но зимски немам никакви. Размислувам и некако ич не ми се свиѓа опцијата да барам да купам челични бандажи и нови зимски гуми, мислам дека е превише инвестиција ко за Спаркчево и плус 12 тркала дома сепак место зафаќаат.
Највеќе би ми одговарало All Season, ама никогаш у живот немам возено ваква гума а знаејќи ја сите Скопската клима имам фуфка и голема дилема па не можам да пресечам.
Дополнително ме мачи фактот што сум на Водно, кога има снег малку потешко без зимска гума.

Fulda Multicontrol 2268 ден.
GoodYear VECTOR 4SEASONS GEN-2 3305 ден.

Ич не е проблем иљадарката плус, дали стварно е подобра и дали вреди е прашањето.
Или да си земам зимски? :)

Имам многу позитивн искуство со Матадор МП62. Веќе трета година, летно нема проблем, зимно време се како по шина на мокро и одлични на снег. Имав шанса да возам во длабок снег на планина, гумите топло ги препорачувам секому особено со Спарк зошто со Спарк ми се тестирани, 100% ќе бидеш задоволен а и не се многу скапи. Ги има во Мултибренд


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10794 на: 14 Ноември 2020, 22:53:16 pm »
Batko michelin cross climate, nema da zazalish veruvaj

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10795 на: 14 Ноември 2020, 23:14:18 pm »
Сите сезони за таа километража.

Ако има јак снег, запали си го таксито :)

Присутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10796 на: 14 Ноември 2020, 23:25:20 pm »
Batko michelin cross climate, nema da zazalish veruvaj
Нема во таа димензија секаде кај што побарав.

Сите сезони за таа километража.

Ако има јак снег, запали си го таксито :)

Не. Затоа што јас ќе треба да бидам таксистот :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10797 на: 14 Ноември 2020, 23:36:53 pm »
Batko michelin cross climate, nema da zazalish veruvaj
Нема во таа димензија секаде кај што побарав.

Сите сезони за таа километража.

Ако има јак снег, запали си го таксито :)

Не. Затоа што јас ќе треба да бидам таксистот :)
Шарата на Матадорот од Тишлерот ми делува пристојно.
Ако немаш јака угорница ќе можеш да ја искачиш со allseason гума.
Барем првите 2 години дур се нови.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10798 на: 14 Ноември 2020, 23:44:09 pm »
Cross Climate е зимска гума само на хартија, колку да не ти пишат казна, ќе биде проблем по снеговите на водно, башка коштаат колку Спаркот.

Земај ги Матадорот, ги имам возено во сериозен снег на сериозни нагорнини, ти гарантирам дека нема да те изневерат. Проверено.

Присутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10799 на: 14 Ноември 2020, 23:53:45 pm »
Cross Climate е зимска гума само на хартија, колку да не ти пишат казна, ќе биде проблем по снеговите на водно, башка коштаат колку Спаркот.

Земај ги Матадорот, ги имам возено во сериозен снег на сериозни нагорнини, ти гарантирам дека нема да те изневерат. Проверено.

Земени ми се и тие во предвид, веќе ги гледав само што слабо по интернет со ривјуа, ама еве штом ти викаш, готово, влегуваат у потесен круг :) Колата е моментално на летни Матадор, немам некои замерки, освен што на многу топол асфалт знаат да цивкаат.