Само на тешки снегови е добра. На мокро и суво е катастрофа, јас сум ги возел на две возила и ги сметам за опасност по безбедноста.
снег и мраз е топ, ама на суво е ризична дефинитивно, со 50 на семафори сум скијал, веројатно на тоа се должи и тивкоста што нема никаков грип и ролинг резистанс.
Како се испомешани муабетите.
Ескимото мене ми е бучна, на суво ми е ок, на влажно знае да ми се вклучи абс при малку појако кочење. Не велам дека е врв, но исто така не е катастрофа.
Ханкукот 425 за Дени е тивок, кај мене е бучен.
Сава Перфекта не ми беше во план бидејки сите плукаа по неа, случајно ми излезе поволна прилика и ги зедов, си реков ако не ги бива ќе ги фрлам. Еве втора година
немам никакви замерки, потивки се од Ханкукот и Ескимото, абс не памтам да ми се уклучил.
Навистинаа не знам на што се должат различните искуства. До колите ли е, до стилот на возење ли е.