Предлог за летни гуми 185/65 R15 за пежо 207, би сакал неколку работи
- speed rating (небитно не возам повеќе од 130-140 и тоа ретко на удолница, најчесто на отворено 110)
- load index битно сакам да биде поголем индексот зошто реално ја товарам колата и плус ставам туле

- бучавост убаво би било потивки да бидат (моментално барум имам хаос бучи, диши, не кочи....)
- економичност, кочење мокро и сувo добро би било да се на задоволително ниво
До сега на колата од како е купена 2008 фабрички имаше GoodYear. Реално бев доста задоволен можда дека и нова колата (тивка, мала потрошувачка, стабилна на дожд, дури првата и втората година се покажа супер и на снег, третата година купив зимски Sava Eskimo 3. Супер задоволен за зимска гума би купил повторно Сава) после 80000тина км сменети GoodYear-ot со Barum (тогаш продавачот ме убеди со муабетот дека биле бренд на Continental) пројдени 50000 реално не сум многу задоволен како што пишав погоре)
од искуствово бев убеден дека ќе купам GoodYear. Се јаувам денес во макпетрол да прашам цена за Goodyear EfficientGrip Performance Фина жена на телефон почна да ме убедува како сум немал потреба да давам толку пари за кола што реално не се вози брзо да давам 18000 за гуми по 4500 беше цената со некој попуст 30% тој стандардниот

да сум земел Debica исто биле бренд на GoodYear солидна гума, на ќерката исти такви и купила иако работи 20години во макпетрол а подолго време во секторот со гуми бла бла .... некако ме потсети на муабетот со Барум ист бренд на континентал .. ама секако различен квалитет си викам

ако има некој искуство со Debica конретно ми го понуди Presto моделот или да споделите модел и бренд од кој сте задоволни. Ја прочитав скоро цела тема гледам ги препорачувате bridgestone...