Овде, онде, сум пишувал неколку пати досега за моето искуство со гумите на Југото.
Сметав дека не вреди да се даваат цели 1.500 за нови (yu) гуми, особено не на Југо, кога имаш јаки брендови на автопазар со солидна шара за 600 денари. Од денешен аспект би рекол дека тие половни гуми имале поминато 50.000 км.
Значи, некој во Германија ги откачува за да завршат кај нас и некој како мене во тоа време да се радува на такви гуми.
Во период од 2 години си извозев Мишелин, Гудјер, Континентал, Вредештајн, Пирели, Бриџстоун.
Во тоа време бев малку помлад/зелен и сакав да си правам стартови и да го газам Југото

Првите 2 Мишелинки, едната свиреше на кривини, излезе дека едната е Француско, другата Шпанско производство.
Бриџстоун 4 комада, едната многу крива беше и ги задржав извесно време само на задните.
Вредештајнот ја исцепив во еден кратер на Јужен булевар.
Гудјерот ги фрлив откако при појако кочење удрив во едно маалско ѕитче.
Пирелите ги фрлив откако на пат за Прилеп не можев да држам темпо позади друго Југо со 80км/ч
Континентал ги фрлив откако во Маврово се лизгав по кривините со 40/50км/ч.
Вторите Мишелинки (начекав 4 идентични во секој поглед) најдолго ги извозев, речиси цела година. Му ја позајмив колата на еден колега и кога се врати почна да ме убедува да си земам
нови Тигар и да не се заебавам.
Ме убеди, се присобрав малку со пари (неколку излегувања помалку) и купив Тигар 621.
Верувале или не, 2 пати ми изгаси колата на тргнување. Со Мишелинките цело време сум шлајфувал со истото отпуштање кумплуг и додавање гас.
Кога требаше да застанувам на црвен семафор со истото кочење застанував прерано со Тигарот.
Нормално, ова што го опишувам беше на почеток, потоа се навикнав на новите гуми.
Тигарот го менував на околу 40.000 км, односно до таа километража тераа пред да осетам дека веќе не се како нови, но секогаш беа подобри од автопазарските.