Сава се произведува во Турција?
Денес ми привлече внимание состојбата на една гума од колата на еден колега.
Сава интенса хп 195 60 15 произведена 0116 во Турција.
Купени му се Мај 2016 и нема поминато повеќе од 20.000 км.
Длабочината на шарата е ок, но целите се испукани и парчиња колку џамлии му отпаднале од нагазната површина.
Зетот вози исти но со димензија 205 55 16, купени му се 2014 и има поминато преку 40.000 и немаше таква деградација на гумите. Не сум сигурен за земја на потекло, се ми се врти дека пишуваше Германија.
Ете како ист бренд и ист модел на гуми, но произведени во различни земји може да се разликуваат по квалитет.