Можна е ситуацијата на членот иако и мене ме чуди како ги возат гумите толку. Кецот го купив со 201,000.
На него имаше гуми BridgeStone дот 2014 година. По сервисна книшка колата тогаш имала 124,000км.
Човекот им ставил квалитетни 70,000/80,000 км во период од 4 години и пак беа во добра состојба. Веројатно се се должи на премиум марката.
Купето го купив лани со нови Сава гуми мислам дека беа 2017год. Еве ги моментално се за менување, патика излижани, задните немаат никаква шара... Искрено во поглед на перформанси sava uhp 2 ми е одлична гума, само што брзо се троши. Ама кога би го направил есапот, 4 нови гуми Sava uhp2 ми се 24,000-26,000 денари. Подобро ќе ги менувам секои 2 години отколку да купам едни премиум за 55,000 и после да им се тресам и да ги пазам, чувам, штедам...
Во секој случај браво на дечкото за извозени 100,000. Веројатно се домаќински извозени и јас да сум на негово место не би размислувал за други гуми.