110.000 километри за 4 години, се пропорционални на 27500 км годишно, или 2291 километар месечно.
Под претпоставка дека во месецот има 22 работни денови и возилото е возено до некоја дестинација Х секој ден, тогаш се поминувани по 104 километри во еден ден, или отприлика 52 километри во еден правец.
Ете како се прават 110.000 километри за 4 години.
Како што пишав и погоре, пресметката е претпоставка, и нормално дека не мора да е точна.
Друга претпоставка е дека возилото е качено на трупчиња и врти во место во некоја гаража.
Семеен пријател веќе 7 години по ред поминува ±60.000 километри годишно.
3 години со Голф 4 1.4 бензин/плин. Си го увезе од Германија со 110.000, му направи 180.000 за 3 години и сега е онаква family runabout кола. Колата сега има 440.000 и уште идат со неа во странство. Иако ги бие лош глас 1.4 моторите, овој изгледа се погодил...
Последниве 4 години си вози со Голф 6 2.0TDI, кој сега има 430.000. Имав ставено кратка сторија што им се случи со колава додека беа на патување низ Европа, кога им ги украдоа таблиците.
Многу интересно е што еднаш чепкавме по сервисна историја на 6ката и не најдовме промена на ништо од предница. Колата беше дипломатско возило претходно, сервисирана во Порше. Уште е на фабричките чаури, стабилизатори, вилушки и така натаму, а предницата воопшто не тропа
