Мене многу неочекувано ми пролизгаа Pilot Sport 3 при кочење и ми се уклучи абс на едносмерната улица што оди кон студентскиот пелагонија, после исклучувањето од кај пиљарите. Многу е мазен асфалтот тука и треба повнимателно возење. На друг асфалт сум немал таков проблем.
Гумите се 2015 година со 4-5мм шара и не се знае колку км извозени. Асфалтот беше сув и беше топло времето, околу 20тина степени.
Муабетот ми е, какви сакаш имај гуми, не може да очекуваш дека може да возиш ко сивојна и никаде да не пролизгаат. На тоа место мислам дека и нови Континенталки (или кои ги сметате за најдобри гуми) би пролизгале. Јас за момент помислив дека кочниците се расипаа нешто.